За викендот 30 сообраќајки и 19 лица повредени во Скопје

сообраќајки

Во петокот на 18 ноември, сообраќајната полиција извршила увид на 13 сообраќајни незгоди, во кои со телесни повреди се здобиле пет лица.

Вкупно 11 сообраќајки се случиле во саботата на 19 ноември, во кои полесно се повредени шест лица.

Од страна на СВР – Скопје вчера е извршен увид на вкупно шест сообраќајни незгоди, во кои осум лица се здобиле со повреди.

Во текот на изминатите три дена од страна на СВР – Скопје откриени се поголем број прекршоци. Петнаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, осум возачи ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, шест возачи поминале на црвено светло на семафорот, 56 возачи ги управувале своите возила без возачка дозвола односно нерегистрирани, а 53 биле непрописно паркирани возила.

Како што информираат од СВР – Скопје, санкционирани се и тројца пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин односно поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.

Со помош на специјалното возило пајак отстранети се 104 возила.