За викендот дожд, снег и пониски температури

Метеоролзите за утре попладне најавуваат врнежи од дожд, а на планините од снег.

На места врнежите ќе бидат пообилни и се очекува да наврнат над 20 литри на метар кдваратен. Врнежите од дожд ќе продолжат и во сабота, но со северниот ветер кој ќе почне да се засилува околу пладне, врнежите од дожд ќе преминуваат во снег, најпрво во северните делови од земјата. На планините ќе се формира снежна покривка, а во северните делови од земјава помала снежна покривка може да се формира и на некои пониски места.

Во недела ќе има слабо провејување на снег, температурите ќе бидат пониски и дневните ќе се движат од еден до седум степени.

Во почетокот на наредната недела времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег и без позначителна промена на температурите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.