За викендот повремен дожд и грмежи, во понеделник заладување

Во недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на места со умерен интензитет, а ќе има и услови за ретки грмежи. Во текот на денот ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен западен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 15 до 22 степена.

Кон крајот на денот поради спуштање на значително постудена воздушна маса од североисток, ветерот ќе го промени правецот во северен, а на планините врнежите ќе преминуваат во снег.

Во понеделник ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремени врнежи од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови. На планините ќе се формира и нова снежна покривка. Температурите позначително ќе опаднат и ќе бидат во интервал од 7 до 13 степени.

Потоа ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури, кои во средината на неделата ќе се движат од -2 до 4 степени, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.