За викендов 24 сообраќајки во Скопје

Во текот на изминатите три дена во Скопје се случиле 24 сообраќајки од кои 12 со телесни повреди и 12 со материјална штета.

Како што информира денеска СВР Скопје, вчера на подрачјето на главниот град се случиле три сообраќајни незгоди во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко возило, еден сопатник и еден пешак. Случени се уште три незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај.

Во саботата се случиле 11 сообраќајки од кои осум со последица материјална штета и три со полесни повреди на тројца возачи и еден пешак. Во еден случај е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Уште 10 сообраќајки од кои четири со материјална штета и шест со полесни повреди се случиле во петокот. Полесно повредени биле пет возачи и еден пешак. Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште четири незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај.

Во текот на викендот откриени се и 26 возачи кои возеле под дејство на алкохол и 52 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Четиринаесет возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, пет возачи не отстапиле првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин и девет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците.

Со помош на специјалното возило „пајак“ биле отстранети 98 возила.

Во рамки на акцијата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска ќе се одржи работилница во основното училиште „Лазо Ангеловски“ со учениците од второ и четврто одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно.