За викендов сонце

Во наредните три дена ќе се задржи топло и претежно стабилно време. Од вторник ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремен дожд и локална појава на грмежи, а температурите ќе бидат во опаѓање.

Температурите на воздухот, како минималните така и максималните во наредниот период ќе се движат во рамките на повеќегодишниот просек. Во првите денови од прогнозирниот период ќе преовладуваат поволни услови за извршување на сезонските земјоделски активности со особено внимание на заштитата од растителни болести и штетници, за разлика од вториот кога повторно се очекува дестабилизација на времето.