За влез во Грција се чека во колона

Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а зголемен број возила има на граничниот премин Богородица за влез во Грција, соопшти АМСМ.

Таму се чека подолго време во колона.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.