За време на продолжениот викенд облачно и врнежливо

Денес не очекува променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и со умерен југоисточен ветер. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во северните и источните делови.

Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 29 степени.

Хидрометеоролозите најавуваат дека следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. Утре претпладне и во понеделник ќе има услови за слаб локален дожд, а во недела попладне ќе има краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, особено во источните и западните делови.