За време на викендот температури до 40 степени

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во наредните денови ќе преовладува сончево и многу топло време. Најтопло ќе биде за време на продолжениот викенд, кога на повеќе места температурата на воздухот ќе надмине 35 степени, а вдолж Повардарието ќе достигне и 40 степени.

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и југозападен правец.