„За заедничка Макадонија“: Да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци (ФОТО)

Веќе 56 дена како граѓаните на Македонија го изразуваат својот револт поради обидот директно да се удри по темелите на македонската држава. Граѓаните 56 дена преку протести и разни други активности јасно и гласно кажуваат „НЕ“ за Тиранската платформа.

На овој 56-ти ден имаше настан од културата, односно читање поезија и изложба на ракотворби од вредните Македонки.

-Почитувани дами и господа чест ми е да ве поздравам денеска, да ви пожелам добредојде на нашиот настан од културата, читање поезија, изведба на исечок од драмата на Ката Мисиркова Руменова – Султана. Како и изложба на ракотворби на нашите вредни Македонки, изјави една од главните организаторки на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Елена Мисиркова.

elena misirkova

Таа кажа дека граѓанската иницијатива е активна, чекори по улиците за одбрана на унитарноста на државата.

-Денеска ви се обраќам не во својство на концертен пијанист, како што гледаме нема концертно пијано, но драго ќе ми беше да можев да ве поздравам со музички поздрав, туку во својство на еден од иницијаторите или еден член на иницијативниот одбор на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, која што повеќе од 55 дена е активна, чекори по улиците на нашиот град во одбрана на унитарноста на нашата држава. Кратко ќе споменам, мојот основен постулат е и останува семакедонско граѓанско обединување во реализирање на општиот виш интерес, со кој што ние мораме да ја зачуваме нашата земја, во име на заветот на нашите предци, изјави Мисиркова.

2

Мисиркова кажа дека доаѓаат многу емисари, многу гласници во нашата држава кои што уште не условуваат како Скопје или вашата држава, а не Македонија.

4

-Потекнувам од коленото на големиот Крсте Петков Мисирков, кој што пред повеќе од 100 години напиша постулати со кои се соочуваме до ден денес. Сто години потоа ние мораме се уште да се бориме нашата земја да биде признаена под нејзиното уставно име, Република Македонија. Доаѓаат многу емисари, многу гласници, кои што се’ уште не не условуваат со нашето име, не нарекуваат вашата земја или дојдовме во Скопје. Република Македонија не е само еден град како што знаеме, изјави Мисиркова.

5

Таа кажа дека ќе останат на своите постулати и понатаму и нема да се дозволи двојазичност на територијата на Република Македонија.

6

-Се спротиставивме остро на вмешување во нашите внатрешни работи, од други странски држави. Значи надворешен фактор, кој што со туѓа платформа, која што заштитува туѓи интереси. Сака да предизвика промени во нашиот устав, односно тоа е подалечната цел, да си ги реализира своите интереси. Во таа смисла како и во врска со вмешувањето на други надворешни фактори, кои што не ја осудуваат таквата платформа, напротив ја премолчуваат ние се спротиставуваме остро. Ќе останеме на нашите постулати и понатаму, да не дозволиме двојазичност на територијата на Република Македонија, која што е директна територијална претензија кон она парче од државата, третина кое што ни остана по нејзиното распарчување со Букурешкиот договор во 1913 година, изјави Мисиркова.

7

Таа уште еднаш искористи прилика да му се заблагодари на претседателот иванов, кој според нејзините зборови им дал несебична поддршка за нивниот пат. Мисиркова порача и дека е време натпартиски да се обединиме за заштита на татковината.

8

-Заблагодарувајќи ви се на вас за големото присуство денеска, за големиот интерес за нашиот настан, ќе ја искористам можноста да го поздравам нашиот претседател, господинот Ѓорге Иванов, кој што ни даде несебична поддршка на нашиот пат, не сосем лесен, повторно по малку трнлив, но ќе истраеме, заради тоа што постулатите за заедничка Македонија, нашата идеја е сите заедно, натпартиски  да се обединиме. За момент да не заборавиме дека единствена партија ни е Република Македонија, изјави Мисиркова.

9

Исечок од монодрамата на Ката Мисиркова Руменова – Султана, изведе Милена Илиевска од Тетово, која што ја игра оваа монодрама инаку.

10

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.