„За заедничка Македонија“: Да не дозволиме тирански претседател да се избира на паузи и со измами!

Се гледаме во 17:00, СИТЕ ДО ЕДЕН!, порачуваат од Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.

Ние сме тие кои ги плаќаат нивните плати. Ние сме тие кои сме ги пратиле да бидат наши пратеници и бранители на нашиот интерес. Ние сме тие кои сме потпишале полномошно на избори, договор со членовите на Собранието, за целите кои треба да се остварат, а зачувувањето на државата е императив.

И ние сме тие кои нема да дозволат постизборни уцени за потценетите Македонци да ја диктираат нашата иднина и да ја дробат земјата парче по парче. Ние сме тие кои нема да дозволат играње играчки, држење седници на паузи со измама како што измамија и за тиранската платформа.

Ние, 200.000 на улица во цела Македонија. Ние, за кои на таква една седница сосема сигурно ќе се најде место.

А дотогаш, гласно ќе ги опоменеме: водете сметка, бидејќи водиме и ние.

Се гледаме во 17:00, СИТЕ ДО ЕДЕН!