„За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно!

Денеска е 59 ден откако граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА реши да излезе на улиците и да каже дека нема да дозволи никој да си игра со нашата заедничка држава и дека никој не смее да се обидува да ја растура, а ако некој се обидува еве му го одговорот, два месеци и уште колку и да треба, денеска одиме по стандардната маршута преку канцеларија на претседателот до Собранието на Македонија, рече Богдан Илиевски, членот на граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.

-Граѓани за заедничка Македонија деновиве се начитавме најразно разни измислени вести, дека претседателот на државата се спремал да се сокрива во бункер и од таму да командал некакви акции, тоа доаѓа од оние кои дефакто се наоѓаат во бункер, бидејќи не сакаат и не смеат да признаат дека се качиле на Тиранска платформа која води до разнебитување на Република Македонија, изјави Илиевски.

Тој во име на граѓаните, изрази благодарност до претседателот за упорноста, истрајноста, доследноста и му порача така да продолжи.

Ѓорге Иванов дури го има тој став, дури стои на својата заклетва, дури не има сите нас, нема потреба да се крие никаде, како што не се крие никаде. Му благодариме на упорноста, на истрајноста, на доследноста и му порачуваме така и да продолжи. Претседателе со вас сме, да сте живи и здрави. Во бункер ќе треба да се кријат сите кои одат против народот кој си ја сака својата држава, кој не сака никому да наштети, но и нема да му дозволат нему да биде наштетено.

 

narod-2

narod-3

narod-4

trg-1

goce

сссс

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.