„За заедничка Македонија“ пред штабовите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Денеска на 29 ден од почетокот на нашите протестни маршеви тиранската коалиција на СДСМ сака да почне да ја спроведува платформата која  беше потпишана на масата на премиерот на Република Албанија. Затоа во оваа исклучително важна недела ќе ги повториме нашите барања до најголемите политички чинители во Република Македонија по редослед согласно епилогот на последните избори. Денеска се собираме пред Влада, тргнуваме пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа се собираме пред Собрание, Утре рутата ќе биде собирање пред Влада, Собрание, па потоа Бихаќка, рече Богдан Илиевски.

Тој нагласи дека ќе ги потсетат политичките партии што бараат и дека не смеат да гласаат  претседател на Собранието кој не ја отфрлил тиранската платформа.

На оваа многу одговорна позиција во земјава, која ја извршува и заменичката функција на  претседателот на Република Македонија кој е и врховен командант на АРМ и еден од главните носители на надворешната политика преку која се решава и спорот со името со Грција, не смее да седне човек кој не го осеќа за свое знамето на Република Македонија, сака да ја претвори во двонационална држава и сака да отвори дебата за промена на нејзиното име, државниот грб, сите елементи кои ја означуваат нашата заедничка држава во која сакаме да продолжиме  да живееме како што сме живееле до сега, рече Илиевски.

Тој посочи дека на многу луѓе веќе им стана јасно дека на граѓаните им е преку глава од молчење и оти се решени да излезат на улица и да се борат за она во што веруваат и што го сакаат и ги повика граѓаните помасовно да излегуваат на улиците.

Повик до граѓаните упати и Борис Дамовски кој рече дека целта која ја поставиле не можат сами да ја постигнат.

Целта  која ја поставивиме е универзална за секој Македонец и затоа ни треба што поголемо учество на нашите истомисленици. Остваруваме победи, но победата е далеку. Затоа дојдедет со нас, порача Дамовски.

Елена Мисиркова рече дека е на позиција на семакедонско и сеграѓанско обединување.

Вишиот интерес треба да не води и да биде патокозаот  во остварување на нашите цели за опстојување на овие простори во ситуација кога ни се оспорува постоењето дури и од нашите  соседи. Остануваме на нашата позиција и продолжуваме да се  бориме за суверенитетот на нашата држава заедно со вас граѓаните на Република Македонија. Ве повикувам да ни се приклучите во што поголем број, рече Мисиркова.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.