вторник, 25 април 2017  |  Вести денес: 21

„За заедничка Македонија“: В петок прецизен план и многу важни пораки

Пројде времето на виткање кичма и раце, немаме веќе време да бидеме уценети, заплашувани и дискриминирани во сопствената држава. На улица сме 51 дена со паролата За заедничка Македонија, за сите нејзини граѓани, истакна Богдан Илевски.

bogdan-ilievski1-640x425

Последни вести

Законодавниот ден и денес не избра претседател на Собранието кој не се откажал од Тиранската платформа, тоа е нова победа. Браво за сите нас, нова голема победа за сите граѓани кои се на улиците, истакна пред законодавниот дом Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

-Се сеќавате на почетокот излезе шефот на опозицијата и побара да си одиме дома, веројатно истите луѓе мислеа дека за време на овие 4-5 дена ентузијазмот ќе спласне, денес сме тука да им покажеме, докажеме и потсетиме дека сме многу сериозни и дека помина времето на виткање кичми и веднење глави. Тоа особено важи за вашите гости, денес повторно имаме на гости некојси пророк, да му посакаме топло добредојде на човекот кој нè нарече Славомакедонци, кој не го споменува името на нашата држава и не ја осудува Тиранската платформа. Господине Билт, ова е Македонија. Пројде времето на виткање кичма и раце, немаме веќе време да бидеме уценети, заплашувани и дискриминирани во сопствената држава. На улица сме 51 дена со паролата За заедничка Македонија, за сите нејзини граѓани. Држава која ќе е еднакво, мултиетничко општетство, а не поделена двојазична земја. Тука сме и денес, ќе бидеме тука се додека треба, додава Илиевски.

Тој нагласи дека во петок ќе излезат во прецизен план и многу важни пораки.

Најчитани вести