За Заев, 450.000 евра се небитна работа

Секој граѓанин е зачуден од фактот дека за Зоран Заев разликата од 50 000 евра до 500 000 евра е небитна, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тој денес сам направи фројдовска грешка и му излета што всушност мисли за ваква сума. Како е возможно 450 000 евра за Зоран Заев да бидат финта и небитна работа. Дали можеби 1 милион евра или можеби 8 милиони евра за него се конкретна сума? Од каде таквиот лефтерен однос кон парите на господинот Заев? Тој говори дека се работело за ефтин трик и ние навистина не можеме да разбереме во што Зоран Заев го гледа трикот. Каков трик е што побарувањето од 500 илјади евра сега се намалува на 50 илјади. Во што е тука трикот ние не знаеме? Очигледно е дека лажната хајка кон Груевски во времето на кампањата сега соочени со потребата да се докажат лагите и клеветите, како и соочени со исказите на Заев денеска, но и на клучниот сведок на Заев, Јовица Стефановиќ Нини, вчера, ги става СДСМ во една непријатна позиција, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Заев се доведени во ќорсокак и сите лажни конструкции со кои мафтаа во време на изборите им пропаднаа.

На сите веќе им е јасно за каков политичар и каква личност станува збор, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.