За Заев судовите не постојат, Јанева игра како што ќе ѝ се каже

Катица Јанева по налог на СДСМ продолжува со политичките хајки против ВМРО-ДПМНЕ. За непризнавањето на македонските судови, лидерот на СДСМ беше награден од Катица Јаневасо враќање на пасошот и со барање сите предмети кои се водат против него да ги преземе СЈО.

Лидерот на СДСМ кој е единствениот политичар аболициран за криминал тежок 8 милиони евра, во јули минатата година изјави дека за него не постојат судовите и дека тој нема намера да постапува по мерката која му ја определија, да се јавува редовно во Судот, пишува Курир.

-Нема да присуствувам на закажаните судски рочишта. Нема да продолжам да ја почитувам мерка да се јавувам во судот секој понеделник во 9 часот, како и останатите мерки за обезбедување на присуство за водење на отворената кривична постапка, изјави Заев на 1-ви јули минатата година на партиска прес-конференција.

За ваквото однесување и непризнавање на македонските судови Заев беше награден од Катица Јанева со враќање на патната исправа и со барање сите предмети кои се водат против него и неговите соработници да ги преземе Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Катица Јанева не застана таму, следно на репертоарот на СЈО беше ослободувањето од притвор на првоосомничениот во случајот „Пуч“ Зоран Верушевски и другите обвинети за незаконското следење на комуникациите. Заради оваа одлука на Катица Јанева, Заев доби јавна благодарност од сопругата на Верушевски, Соња Верушевска.

verus-sonja

Иако Зоран Заев јавно изјавуваше дека му обезбедувал возило и му барал работа во странство на Зоран Верушевски, тие двајцата во моментов се слободни и без никаква гаранција дека ќе останат тука, доколку нивниот предмет земе да го работи некој што навистина има намера да ги гони за криминалот што го направиле, пишува порталот.