За закана кон Заев 15 месеци затвор

Уште две затворски пресуди за упад и насилничко однесување во Собранието на 27 април лани изрече Основниот суд Скопје 1. За насилство врз премиерот Зоран Заев осуден на една година и три месеци затвор е Васко Цунгаревски, кој ја признал вината.

Цунгаровски, кој е син на поранешната судијката од Основниот суд Скопје 2, Зорица Цунгаровска, учествувал во насилството во Собранието и според обвинението на Основното јавно обвинителство од Скопје, тој му се заканувал на премиерот Заев. Судијката Оља Ристова го осуди на казна затвор од една година и 3 месеци.

Вториот обвинет доби алтернативна мерка – условна казна затвор од 2 години ако во следните 5 години не стори ново кривично дело. Тој му се заканувал на пратеникот на ДУИ, Артан Груби. Пресудата не е правосилна, па осудените имаат право на жалба до Апелациониот суд.

За крвавиот четврток беа досудени 9 условни казни, а двајца обвинети за насилство признаа вина и добија затворски казни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.