За Жерновски во 2009 ќе паѓаше Северната трибина, сега Водно ќе “паѓа“

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, слично како во 2009 година кога тврдеше дека ќе се сруши новоизградената Северна трибина на стадинот „Филип Втори“ и денеска излезе со заплашувачки тврдења дека Водно ќе “паѓало“ поради изградбата на десеткатница, објави порталот „Курир“.

Советот на општина Центар на денешната седница не го прифати решението на градоначалникот Жерновски за запирање на објавување на одлуката за донесување измени и дополнувања на ДУП-овите Тасино Чешмиче-Водно и Градската Четврт-Капиштец.

Со новите промени на Деталниот Урбанистички план ќе се дозволи хотелот на местото на поранешна Панорама да биде од 10 ката.

„Дискутираме за животот и нивната безбедност. Свлечиштето на детската градинка беше запрено од детските реквизити, да се случеше тоа додека има деца во градинката таму ќе имаше жртви..Ако се случи нешто на Водно, на секои пет минути ќе ви се јавувам, на вас советниците, да ве потсетам како сте гласале. Сите ќе дознаат кој гласал за десеткатница на Водно“, вели Жерновски, на што советниците на ВМРО-ДПМНЕ му одговорија дека ги заплашува граѓаните слично како со Северната трибина.

Жерновски во 2009 година во изјава за весникот вес­ни­кот “Шпиц” ка­жа де­ка не­ма до­вер­ба во без­бед­нос­та на но­во­из­гра­де­на­та Се­вер­на три­би­на и за­тоа нат­пре­ва­рот со Шпа­ни­ја ќе го прос­ле­ди од спро­тив­на­та стра­на.

„Не­мам до­вер­ба во без­бед­нос­та на но­во­из­гра­де­на­та три­би­на, па за­тоа со си­но­ви­те ќе го сле­дам нат­пре­ва­рот од спро­тив­на­та стра­на. Не са­кам ниш­то да ри­зи­ку­вам, по­себ­но за­тоа што одам на ста­ди­он со де­ца­та“, из­ја­ви тогаш Жерновски во фунција на пратеник на ЛДП.

Инженери од градежната компанија „Бетон“ му се смееја на Жерновски за ваквата изјава, објаснувајќи дека сегашниот градоначалник на Центар “треска глупости“.

„Тоа е ла­кр­ди­ја, сра­мо­та е не­кој да ка­же так­во неш­то. На тол­ку пот­ро­ше­ни па­ри, не­воз­мож­но е да се доз­во­ли так­во неш­то“, изјавија тогаш од раководството на „Бетон“, што низ годините се покажа како апсолутно точно.