Забавни совети за предигра (1)

За навистина добар секс, предиграта е неопходна. Така  се гради тензија и се одложува најдобриот дел. Ова е фантастичен начин да го излудите него, но и себе, така што не ја прескокнувајте играта пред вистинската работа. Но, ако предиграта ви е досадна и ако секогаш правите исти работи тоа може да стане монотоно. Затоа обидете се со овие забавни совети за тоа на што треба да се сконцентрирате во предиграта.

 Нозе

Нема врска ако немате совршени нозе ерогените зони се уште се тука – прстите, зглобовите и задниот дел од колената.

Што треба да прави: Нека почне од прстите. Треба лесно да ви ги масира стопалата, прстите и зглобовите, а потоа да преминете на лулање. Нека полека се движи по нозете, концентрирајќи се на задниот дел од колената. А, кога ќе дојде до врвот од нозете… Па, знаете што…

Коса

Кожата на главата е полна со нервни завршетоци, па затоа играњето со косата е совршен начин да почнете секси игра.

Што треба да прави: Мажите сакаат кога жената има убава коса и сакаат да си играат со неа. Затоа скокнете во када и дозволете да ви ја измие косата, а покрај тоа може да се вклучи и релаксирачка масажа на главата.

Уши

Дали сте знаеле дека кожат веднаш зад ушите е вистинска „жешка точка“? Ако не, обидете се денеска со жешки игри со ушите.

Што треба да се прави: Може да ве запали сосема лесно, ако полека ве бакнува и грицка по увото, усната школка и ресичката. Ова е толку силна ерогена зона што некои жени може да доживеат оргазам само преку ушите.

Грб

О да, грбот е една голема ерогена зона. Често го занемаруваме, но ако вашиот сакан одлучи да ви пружи малку внимание на овој дел од телото, ќе видите дека и тоа како ќе му бидете благодарни.

Што да прави: Буквално било што. Ако е вешт во масирање, може да ви пружи релаксирачка масажа која ќе се спушти од вратот па се до најинтимните делови. Од друга страна, ако не сакате масажа, секогаш може истото да го изведе само со устата и јазикот.

Стомак

Можеби затоа што најчесто го криеме стомакот, но кога лесно ќе  се допре тоа може да биде вистински поттик за секси мисли.

Што да прави: Прво и пред се, немојте да се грижите за стриите или салцето. Опуштете се, лежете на грб и уживајте додека вашиот сакан полека ве допира. Побарајте од него да биде нежен, да ве мажи и бакнува – ова сигурно ќе ве излуди.

Пазувите и градите

Секој дел од телото има изразени влакна чувствителни на допир и воздух. Можеби вам пазувите не ви звучат вистинско секси место, но обидете се, можеби и ќе ви се допадне.

Што да прави: Забранете му да ги допира брадавиците и немсто тоа речете му да се сконцентрира на пазувите и делот под градите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.