Забележан крокодил на Крит!

Крокодил долг речиси два метри е забележан на Крит во Грција.

Засега не се знае колку долго крокодилот живее во вештачкото езеро во близина на градот Ретимно, а во четвртокот имало обид за негово уловување.

Се верува дека станува збор за домашно милениче кое било отфрлено од сопственикот кога премногу пораснало.

Локалното население го обвинува крокодилот за недостатокот на патки, а продавниците за сувенири сега продаваат и крокодили на надувување.