Забележан случај со вирусот Западен Нил во Босна

Седум случаи на заболувања за кои се сомнева дека се предизвикани од вирусот Западен Нил кој предизвикува грозница,се забележани на подрачјето на Босна и Херцеговина.Сите сомнителни случаи биле пријавени во Институтот за јавно здравство на Република Српска.

Според достапните информации две заболени лица се во тешка состојба, но за конечна дијагноза ќе биде потребно да се направат дополнителни тестирања.

Грозницата Западен Нил на луѓето се пренесува преку убод од заразени комарци, а тие во Босна се размножиле по големите поплави.

Околу 80 проценти од заразените немаат никакви симптоми, посебно во подрачјето каде случаите се почести. До 20 проценти од заразените имаат благи симптоми како грозница, главоболка, болки во мускулите, повраќање. Поголем број од заразените оздравуваат по неколку дена, додека кај постарите има опасност од развој на менингитис.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.