Магазин

Заблажете се со пудинг од тиква

Заблажете се со пудинг од тиква

Доколку сте љубител на тиквата, ова е вистинскиот рецепт за вас. За време на есенските денови заблажете се со пудинг од тиква.

Состојки:

-1 килограм тиква

– 400 мл млеко
– 150 грама шеќер

-4 јајца

-кора од портокал
-канела

-малку сол

Подготовка:

Тиквата се лупи, се сече и се става да се вари. Откако ќе се свари, добро се цеди и се пасира со виљушка, па се додаваат изматените јајца. Во млекото се става шеќер, сол, канела, рендана кора од портокал, па се додава тиквата со јајцата и сето тоа се миксира. Смесата се става во калап за пудинг намастен со путер, а калапот се става во поголем сад со жешка вода и на 150 степени се пече во рерна 40-45 минути. Се сервира со шлаг.