Заболен камерман излекуван од ебола

Камерманот на американската телевизија Ен-Би-Си, Ашока Мукпо, кој беше заразен со вирусот на ебола, е излекуван и ќе ја напушти болницата во Небраска, соопштија болнички извори.

Камерманот, кој се заразил со вирусот работејќи во западна Африка, на 6 октомври беше примен во болницата. Тој е вториот пациент со ебола, успешно излекуван во Медицинскиот центар на Небраска.

Во меѓувреме конечно беше потврдено дека шпанската медицинска сестра Тереса Ромеро, првиот случај на заразено лице од ебола надвор од Африка, веќе не е носител на вирусот.

Болницата „Карлос Трети“ во Мадрид соопшти дека и вториот тест за ебола на Ромеро е негативен. Таа била лекувана со трансфузија на крв од пациент, кој се излекувал од болеста.