Заболени од рак во Србија ќе тужат земји на НАТО

Првите тужби на српските граѓани заболени од карцином против земјите на НАТО поради бомбардирања со осиромашен ураниум треба да се очекуваат на крајот на септември и во октомври.

Тоа  го најави денеска претседателот на Здружението на граѓани „Осиромашен ураниум“ Свето Него. Тужбите ќе бидат поединечни, објасни тој.

На симпозиум за последиците од бомбардирањето на СР Југославија со осиромашен ураниум 1999 година, одржан на Нишкиот универзитет, Ного рече дека нема да се работи за колективни тужби туку за поединечни тужби на „несреќниците“ заболени од карцином и тужби на нивните семејства.

Земјите членки на НАТО ќе ги тужиме за материјална и нематеријална штета. Ќе тргнеме со тужби против пет земји, а по симпозиумот ќе биде договорено, кои земји ќе бидат тоа, вели Него.

Тој изјави дека наредите месеци ќе бидат формирани работи групи, кои ќе ги пишуваат тужбите и додаде дека зад тој „проект“ застанале Адвокатската комора на Србија, Адвокатската комора на Белград и дел од Адвокатската комора на Ниш.

Претседателот на Организациониот одбор на симпозиумот, адвокатот Срѓан Алексиќ, рече дека за судските постапки, кои ќе се водат пред националните судови на земјите-членки на НАТО, најважно за граѓаните на Србија е тоа што италијанскиот суд ја потврди причинско-последичната поврзаност меѓу осиромашениот ураниум и заболените  војници кои престојувале во бомбардираната територија на Косово и Метохија.

На заболени војници од рак и на семејствата на починатите, суд во Италија, одобри надомест на штета од 200.000 до 500.000 евра, а ние ќе бараме ист надомест за нашите граѓани, рече Алексиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.