Заборавена греалка причина за пожарот во Коменски

Заборавена греалка најверојатно е причината за пожарот во основното училиште Јан Амос Коменски во скопско Тафталиџе.

Пожарот избил во подрумска просторија на училиштето која се користела како столарска работилница.

Во пожарот нема повредени, а причинета е помала материјална штета.