Заборавете на апчињата: Рецепт за чај што ќе ви помогне веднаш да заспиете

Ако и вие се мачите со несоница и неможете да заспиете тогаш би можеле да го пробате советот на блогерот Дејвид Волфе кој тврди дека овој трик дејствува подобро и од апчиња за спиење.

Според него за добар сон најдобро е да пробате чај од банана (со се лушпа) и цимет.

Тоа е така, затоа што лушпата на бананата е богата со потасиум и магнезиум кои дејствуваат добро на нервниот систем и помагаат за опуштање на мускулите.

Инаку магнезиумот е најважниот минерал за опуштање на мускулите, може да ги намали болките во мускулите како и во другите делови од телото. Циметот е мошне важен и претставува една од најдобрите состојки за балансирање на шеќерот во крвта. Кога нивото на шеќери во крвта е избалансирано, хормоните може да функционираат така што ќе ви овозможат подобар сон.

Подготовка:

Се што ви треба за да го подготвите овој рецепт е банана и цимет и тенџере со жешка вода.

Бананата ја вариме во тенџере со топла вода околу 10 минути. Додаваме малку цимет во водата. По кратко време пробајте го чајот. Доколку сакате слободно можете да додадете повеќе цимет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.