Македонија

Заборска за „Курир“: Грција и СДСМ се единствени блокатори на Македонија

Заборска за „Курир“: Грција и СДСМ се единствени блокатори на Македонија

Европратеничката Ана Заборска од Словачка е во посета на Република Македонија. Во ексклузивно интервју за Курир, таа ја повика опозицијата да се врати во Собранието, давајќи максимална поддршка за политиките на македонската Влада.

Во интервју за „Курир“ европратеничката Заборска говори за македонската евроинтеграција и Грција како блокатор на патот кон НАТО и ЕУ. Освен нашиот јужен сосед, според неа, единствена друга пречка на Македонија е опозициската партија СДСМ.

На прашањето до кога ќе трае оваа неправда и ја заслужува ли Македонија блокадата од Грција европратеничката вели дека доколку не постојат пречките од страна Грција кои траат веќе неколку години, Македонија веќе неколку години е член на ЕУ.

-Веќе неколку години го следам прашањето за приклучување на Македонија и јас сум во групата на Пријатели на Македонија во Европскиот Парламент и се обидувам да дадам поддршка на ова приклучување и според мене, доколку не постојат овие пречки, пречките од страна Грција кои траат веќе неколку години, Македонија веќе неколку години е член на ЕУ. И навистина, пред два месеца го усвоивме Извештајот за евалуацијата на Македонија и ѝ предложивме, мислам дека веќе седми пат, на Европската Комисија да започне со преговорите и да го отвори процесот на приклучување и се надевам дека овој пат, ЕУ ќе ги земе во предвид овие препораки и ќе ги притисне, малку грчките колеги и политичари да ја отстраната оваа пречка. Се надевам дека следната година ќе бидеме во подобра ситуација од оваа денес, вели Заборска за Курир.

Европратеничката за „Курир“ ја коментира и актуелната политичка состојба во Македонија, при што нагласува дека сите страни мора да превземат одговорност и да го следат процесот на приклучување и најдобриот начин е да се вклучат во работата на Парламентот, да ги усвојат законите и да  учествуваат во работата на Парламентот.

– И мислам, не би можела да кажам блокада, но недостаток на СДСМ во работата на Парламентот не е добар сигнал и за ЕУ, па така ова не е само одговорност на Владата туку и на сите политичките партии во Македонија, вели Заборска за Курир.

Целото интервју можете да го проследите на Курир.