ФОТО: Дел од Македонија под снег – Забрана за движење на камиони на планинските превои

Забрана за движење на тешки товарни возила има на планинските превои Стража и крак Маврово-Дебар поради врнежи од снег.

Според информациите на „Македонија пат“, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

SnegStraza(1)

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Законската обврска за поседување зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба трае до 15 март 2015 година.

SnegTeGv(A)

ФОТО: facebook.com