Забрана за движење на камиони на Стража и Маврово – Дебар

Забрана за движење на тешки товарни возила е воведена на патниот правец Маврово-Дебар и на планинскиот премин Стража поради обилни врнежи од снег.

Сообраќајот на другите државни патишта се одвива по претежно суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.