петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 36

Забрана и за хрватска музика во Македонија

Забраната почнува од 17 октомври.

dziboni

Последни вести

По Србија, Црна Гора и Словенија, уште една балканска земја им ја забранува својата музика на македонските радија и телевизии. Со одлука на Управниот одбор на хрватската организација ХДС- ЗАМП, се забранува користење на нивниот музички репертоар на сите радио и телевизиски станици на територија на Македонија.

Оваа забрана стапува на сила веднаш. ЗАМП Македонија како организација која е овластена да ги преземе сите потребни мерки за спроведување на забраната и заштитата на правата на членовите на ХДС- ЗАМП, а врз основа на склучените меѓусебни договори за реципроцитет, известува дека забраната почнува од 17 октомври.

„Ги следиме настаните во Вашата земја и би сакале да ја изразиме нашата загриженост во однос на тоа дека континуитетот на авторската заштита во Македонија е ставен во ризик, со штетни последици врз авторската заштита и на штета на вредноста на музичките дела на сите автори, домашни и странски“, се вели во соопштението на ХДС-ЗАМП.

Најчитани вести