Забрана за камиони на патот Гостивар-Дебар преку Маврово

Од утринава од седум часот е воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Дебар преку Маврово поради врнежите од снег.

Авто мото сојузот на Македонија информира дека врнежи од снег има и во Тетово, Маврово, Попова Шапка, Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Ресен, Кичево, Македонски Брод,  Железнец, Крушево и на планинските премини Буково, Ѓавато и Пресека.

Намалена видливост од 10 до 15 метри поради магла има на Попова Шапка.

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.