Спорт

проблеми за организаторите на ракометнтиот континентен шампионат Забрана за користење на загрепската Арена, во која на ракометното ЕП треба да игра Македонија

Забрана за користење на загрепската Арена, во која на ракометното ЕП треба да игра Македонија

Европското ракометно првенство започнува во петок, а првиот меч во загрепската „Арена“, најголемата сала во Хрватса е закажан во сабота, и во неа се играат натпреварите од грипата во којашта е селекцијата на Македонија заедно со Црна Гора, Словенија и Германија, но на три дена до стартот на шампионатот, организаторот се соочува со сериозни проблеми поради заканата на компанијата „Ингра“ дека салата нема да може да се користи.

Хрватските медиуми денеска излегоа со шокантни вести, фирмата Ингра, која ја изгради Арената во Загреб, не дава таа да се користи додека не и се исплати долг.

Европското првенство почнува во петок, а првиот меч во загрепската арена е во сабота. Токму во таа сала е групата на Македонија заедно со Црна Гора, Словенија и Германија.

„Потребно е Владата и Град Загреб да ја потврдат исплатата за да се предаде арената. Но според нашите сознанија некои во Владата смета дека треба да ни се плати значително помалку, и тоа го проверуваат, а веќе трае шест месеци. Поучени од претходните искуства кога по Светското ракометно првенство ни останаа должни 1,4 милини куна кои никогаш не ги исплатија, се одлучивме на ваков потег, доколку не добиеме потврда за исплата на потребниот износ, арената нема да се користи“, изјави Игор Опенхајм, претседател на фирмата Ингра.

Покрај натпреварите од нашата група, во загрепската арена ќе се играат и дуели од втората фаза, а предвидено е таму да се игра и завршницата.

Капацитетот на арената е 15.000 гледачи, и најголем дел од влезниците се веќе распродадени. Голем проблем ќе биде доколку натпреварите се пренасочат во друга сала.

Организаторот се надева дека ќе се најде решение до стартот на Европското првенство, во спротивно скандалот ќе биде огромен.