Забрана за сообраќај на камиони на патните правци Гостивар-Кичево и Маврово-Дебар

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила од 20.45 часот е воведена на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, а од 21 часот на патниот правец крак Маврово – Дебар, соопшти ЈП Македонија пат.

Сообраќајот на патниот правец Катланово – Велес кај с.Сопот поради поголем одрон од 20.55 часот, како што се наведува, се одвива наизменично со мали прекини поради чистење на одронот, а на самото место се екипите на ЈП Македонија пат и сообраќајна полиција.

Од ЈП Македонија пат посочуваат дека нивни екипи работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот и апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.