Македонија

Забрана за тешки товарни возила до 31. август

Забрана за тешки товарни возила до 31. август

Во земјава се воведува времена измена на режим на сообраќај на државните патишта во Република Македонија, во период од 01.07 до 31.08.

Се забранува сообраќај на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Забраната за деновите од викендот е: во петок од 17:00 до 22:00 часот; сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот.

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство за здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот.