Забрана за тешки товарни возила кај Пресека, патничките возила возат по една лента

Во прекин за тешките товарни возила е и сообраќајот на патниот правец Охрид-Кичево кај Пресека додека за патничките постепено се оспособува патниот правец и во моментов се одвива поедна коловозна лента а во наредните неколку часа се очекува комплетно негово оспособување..

На патнитe правци : Гостивар-крак Маврово-Дебар, Тетово-П.Шапка,Тетово-гр.премин Јажинце, Дебар-Струга, Буково и Ѓавато.

Сообраќајот на патниот правец Велес-Катланово се одвива отежнато и забавено во долга колoна.Сообраќајот  на патниот правец Скопје-Велес е нормализиран за сите видови на возила но се одвива забавено во колона.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, со остатоци од кашест снег на коловозот . Слаб снег префрла само на пл.превој Стража.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

На делот од патот од брана Маврово до раскрсницата за село Галичник продолжуваат градежните работи. Поради присуство на градежна механизација и работници, препорачуваме внимателно возење и почитување на времената сигнализација, а повремено кога се врши асфалтирање можно е и времено затворање на патниот правец.

Поради изведување работи на пат (гребење на асфалт) на патниот правец Велес – Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Препорачуваме внимателно управување со возилата.

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа: од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово и од с. Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

Учесниците во сообраќајот треба да се придржувааат на поставената хоризонтална и вертикална сигнализација се до завршување на градежните активности.

Од ГЕИНГ инженеринг известуваат дека за потребите за “Извршување на геотехнички истражни работи и изрботка на Технички решенија – Основен проект за санација на свлечишта и стабилизација на нестабилни зони – свлечиште на патот Р1202 Маврово – Дебар”, на стационажа од км 45+775 до км 45+825 се изведуваат геомеханички истражни работи на патот. Активностите се изведуваат од 23.12.2014 до 29.12.2014. Во текот на извршување на работите сообраќајот ќе се одвива непречено.

 

Од ГЕИНГ инженеринг информираат теренските активности (геодетско снимање и геотехнички истражни работи) кои се извршуваа на следните патни правци: Р2335 (Р-512), делница Кривогаштани-Обршани-Воѓани; Р2343 (Р-502), делница Делчево-Голак; А-3, делница Превалец (Кочани)-Делчево; Р2335 (Р-512) и Р2336 (Р-514), делница Лажани-Ропотово-Црнилиште (Општина Долнени) и делница од Старо Коњарево до Ново Коњарево, како дел од државен пат Р1402 (Р-605), се завршени.

Од АМСМ ги предупредуваат возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

Град Скопје, ги известува учесниците во сообраќајот, дека на 19.12.2014 година стартува времениот сообраќаен режим на забрана за движење на товарни моторни возила, чија најголема дозволена маса надминува 15 тони, на подрачјето на Град Скопје. Забраната е од времен карактер и ќе се спроведува до 31.03.2015 година, во текот на денот и тоа од 08 часот до 20 часот.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Потсетување за сите возачи дека од 15 ноември започнa законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2015 година.