Забрана за тешки товарни возила на Ѓавато

На планинскиот превој Ѓавато во 19:00 часот вечерва е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила, соопшти АМСМ.

Според ЈП Македонија пат, сообраќајот на сите државни патишта се одвива по претежно влажни коловози. Снег со слаб интензитет паѓа во Крушево, Маврово, како и на планинските премини Буково, Ѓавато, Плетвар и Пресека.

Се препорачува внимателно возење и почитување на поставената сигнализација.