Забрана за тешки товарни возила на крак Маврово – Дебар

Поради остатоци од снег на коловозoт, забрана за движење на тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово – Дебар, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

На патниот правец Р1205 Крупиште – Пробиштип кај месноста Плочи кај село Неокази, поради појава на вдлабнатина, попуштање на левата коловозна лента (гледано во правец од Пробиштип кон Крупиште), сообраќајот се одвива наизменично само по десната коловозна лента.

Поради оштетување на дел од мостот на Сланска Река, на патниот правец Македонски Брод – Прилеп Р-1303 воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила.

Магла со видливост до 50 метри  има во Тетово.

Според информациите добиени кои АМСМ ги добил од ЈП „Македонија пат“, сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.