Забрана за тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато

Забрана за движење за тешки товарни возила е воведена на планинскиот премин Ѓавато поради интензивните врнежи од снег.

АМСM соопшти дека забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар сеуште важи.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците, кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.