Забрана за тешки товарни возила на правецот Крак-Маврово- Дебар

На патниот правец Крак- Маврово- Дебар од 17 часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила поради интензивни снежни врнежи, соопшти Диспечерскиот центар на ЈП „Македонијапат“.

Укината е забраната за тешки товарни возила преку планиснкиот премин Ѓавато, на патниот правец Ресен- Битола, што попладнево беше воведена, исто така, поради обилни снежни врнежи.