Македонија

Забрана за тешки товарни возила на Стража

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози. 

Снег со среден интензитет паѓа на Старжа каде што во 18:00 часот е воведена забрана за тешки товарни возила,  а додека на Маврово, Гостивар, Дебар и з.п. Кула истотака има врнежи од снег и не претставува проблем за одвивање на сообраќајот, додека провејување на слаб снег има на  Крушево, Буково, Попова Шапка, Тетово, Крива Паланка, Плетвар, Пресека и Павлешенци.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

АМСМ на учесниците во сообраќајот им препорачува внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината кон условите на патот.