сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 45

Забрана за тешки товарни возила на повеќе патни правци

zabrana-kamioni500

Поврзани вести

На повеќе патни правци има забрана за движење на тешки товарни возила. Забрана за камиони има на патните правци Тетово – Попова Шапка, крак Маврово – Дебар, крак Стража – Кичево и Струга – граничен премин Ќафасан, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Забрана за автобуси има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, а за останатите возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

Задолжителна употреба на зимска опрема

Задолжителна употреба на зимска опрема

Унинати се забраните за движење на тешки товарни возила на патот Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, Пресека и Ѓавато.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот после интервенција на дежурните екипи од Македонија Пат.

Без потреба да не се патува во западниот дел од државата

АМСМ препорачува без потреба да не се патува во западниот дел од државата, задолжително носење на зимска опрема, исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови.

Македонија под снежна покривка

Според информации добиени од УХМР, до недела наутро насекаде ќе се формира снежна покривка, освен во крајниот југоисточен дел. На планините во западните делови се очекува повеќе од 50 сантиметри нов снег, а на повеќето пониски места снежната покривка ќе изнесува од 10 до 20 сантиметри.

Македонија под снежна покривка

Македонија под снежна покривка

Посебно внимание од АМСМ препорачуваат на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.  На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Најчитани вести