вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 11

Забрана за тешки товарни возила на правецот Маврово – Дебар

kamioni-na-pat-sneg_2

Последни вести

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар е воведена поради интензивни врнежи од снег, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

АМСМ информираше и дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои по наместа влажни коловози.  Снег со слаб интензитет провејува на Попова Шапка и Ѓавато кој не се задржува на коловоз.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Најчитани вести