четврток, 8 декември 2016  |  Вести денес: 31

Забраната за движење во шума не важи за Водно, Гази Баба…

Ограничувањето на движењето во шумите и шумските појаси од 6 јули до 15 август годинава, не важи за Водно, парк-шумата Гази Баба и организираните тури за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена, националните паркови и заштитените подрачја со посебна намена во Република Македонија.

vodnooo

Последни вести

Ограничувањето на движењето во шумите и шумските појаси од 6 јули до 15 август годинава, не важи за Водно, парк-шумата Гази Баба и организираните тури за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена, националните паркови и заштитените подрачја со посебна намена во Република Македонија.

Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), организираните туристички тури ќе бидат одобрени со дозвола од управата на ЈП „Македонски шуми“ и од управите на субјектите кои управуваат со заштитените подрачја (парк-шума, национални паркови, заштитени подрачја со посебна намена,…), а ќе се спроведуваат во придружба на претстaвник од овие институции.

Со забраната за движење во шумите и шумските појаси, субјектите кои стопанисуваат и управуваат со шумите и шумските предели треба да го зголемат присуството и контролата со зголемување на бројот на шумочувари од редот на вработените како и други овластени лица за заштита на шумите од пожари, и тоа секоја институција да спроведува координирани контроли на територијата на која има надлежност и да постапува во согласност со Законот за шуми особено од доменот на заштита на шумите од пожари, информира МЗШВ.

Со шумите за стопанска намена во Република Македонија стопанисува ЈП „Македонски шуми“ со 30 подружници, додека со шумите за посебна намена управуваат ЈУ Национални паркови „Маврово“ , „Пелистер“ и „Галичица“; ЈПУЗПП „Јасен“ – Скопје како и ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје.

МЗШВ нагласува дека забраната за движење низ шумите од седум часот наутро до 17 часот попладне, не важи за вработените во „Македонски шуми“ и во субјектите кои управуваат со заштитените подрачја.

Од 17 часот, пак, до седум часот наутро дозволено е движење на сите лица во шумите и шумските појаси заради одмор и рекреација на сопствена одговорност за својата безбедност и обврската за ненанесување штети на шумата (палење отворен оган во шума,…).

За непочитување на одредбите од ова забрана, на сите лица затекнати во шума без соодветна дозвола од „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја во недозволениот термин, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска против вредност, апелира Министерството.

МЗШВ информира дека е забрането палење стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита на шумски пожари. За непочитување на оваа забрана, глобите се 1.500 до 3.000 евра.

Најчитани вести