Забраната за возила сеуште трае

Од Министерството за транспорт и врски соопштуваат дека во периодот од 01-07 до 31.08 ќе биде воведена времена измена на режимот на сообраќајот на државните патишта во Република Македонија.
За време на деновите од викендот и денови со екстремно високи температури, се збранува да сообраќаат тешки товарни возила. Забраната за викендот почнува во петок од 17:00 до 22:00, сабота од 09:00 до 18:00 и недела од 09:00 до 22:00.
Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито, нафта, превоз на опасни материи и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта за ЈП за Државни патишта.
Од 1 јули на патниот правец Гостивар – Охрид стапи на сила ограничен режим на движење на тешки товарни возила над 7,5 тони. Ограничувањето е во периодот: петок од 15:00 до 24:00, сабота и недела од 07:00 до 24:00. Овој режим ќе трае до 1 септември 2014 година