Забранет лек поради измама

Забранет лек поради измама

Поради „измама на потошувачите“, Австралискиот Федерален суд забрани употреба на британскиот лек против болки.

Станува збор за палета од четири лекови „Нурофен“, секој од нив за посебен вид болка (мигрена, главоболка, менструални билки и болки во грбот). За лековите е утврдено дека не содржат ништо специфично за секоја од овие болки, бидејќи сите тие биле идентични. Разликата била само во цената на сите овие лекови.

Основниот „Нурофен“ во Австралија се продава по речиси двојно пониска цена од онаа за секој од четирите лекови, кои требало да делуваат против секоја од наведените болки.

Забранет лек поради измама
Забранет лек поради измама

Според судската пресуда, лекот на кој е наведено дека е наменет за мигренозни болки, не е специјален против мигрена, бидејќи ја има истата содржина од супстанцата „ибупрофен-кизин„ колку што ја има и лекот за глабоболка, а и другите два „специјализирани“ лекови.

На почетокот од годинава, австралиската Комисија за контрола на квалитетот поднесе тужба против британската компанија „Рекит Бенкисер“, откако беше откриено дека иако четири видови „Нурофен“ се продаваат за различен вид болка, сите имаат по 342 милиграми од основната супстанца од која е направен лекот.

Британската компанија најави жалба, но Судот нареди сите нејзини производи од оваа палета лекови да се повлечат од аптеките и другите продавници.

„Рекит Бенкисер“ соопшти дека судската одлука се однесува само за Австралија и таа не ги погодува и другите пазари, вклучувајќи го и пазарот во Велика Британија.

Оваа компанија на пазарот нуди повеќе производи, меѓу кои и препаратите „Детол“ и „Харпик“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.