Забранет влез во Црна Гора за Космајац?

Белграѓанецот Драгослав Космајац бил сослушан вчера во поцијата во Котор , а како што објавува подгоричкиот весник, ќе му биде забранет влезот во Црна Гора.

Според весникот, нему треба да му биде врачено решение за отказ на престојот. „Тој е на информативен разговор, а се очекува по наша наредба на ја напушти Црна Гора“, било кажано на весникот од Управата на полицијата.

Космајац, кој српскиот премиер го означи за главен регионален наркобос, вчера илегално влегол во Црна Гора, но во полицијата одлучиле да го повикаат и да го сослушаат во својство на граѓанин. Тој на разговор бил приведен како „безбедносно интересно лице“.

Извори на весникот тврдат соопштиле дека Космајац после доаѓањето на Црногорското приморје имал намера да оди во својата луксузна куќа во местото Стрп меѓу Рисна и Мориње , каде што престојувал два дена во средината на јуни.

„По него не е распишана меѓународна потерница. Заради тоа нема основ за негово апсење“, потврдил изворот на црногорскиот весник.

Српските медиуми за Космајац наведуваат дека е поврзан со криумчарите на наркотици и во Јужна Америка, а постојат сомневања дека е поврзан и до Дарко Шариќ и со земунскиот нарко-клан.

Синот на Космајац – Лазар Космајац (24) уапсен е минатиот јуни во Херцег Нови, кога се обидел да побегне на сообраќајната патрола, која се обидела да го сопре. После затвроската казна малдиот Космајац ја напуштил Црна Гора.

Во црногорските медиуми порано се пишувало дека Космајац од Црна Гора пребегна, во БиХ.   Извори тврдат дека тој има црногоска лична карта и пасош на БиХ.

И покрај податоците со кои располага полицијата за него, никогаш не бил уапсен, бидејќи наводно, полицијата проитв него никогаш немала доволно докази.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.