Забранет влез во Обреновац, полицијата поставила пункт

Влезот во Обреновац од утринава е забранет за сите, освен за стручни екипин кои треба да извршат санација на теренот. Новинарските екипи се запрени на полицискиот пункт кај Мислоѓина и чекаат да им се одобри влегување во поплавениот град.

Полицијата не дозволува да поминат ниту новинарите, ниту селаните кои сакаат да се вратат.

„Мојот дел од градот не е поплавен.Би сакал да одам до дома и да си го земам автомобилот, но не ми дозволуваат,“ раскажува едно момче.

Според она што новинарите можеа да видат, полицијата во градот ги пушта само екипите за санација на теренот, дезинфекција и дератизација како и екипите на Електродистрибуција и Телеком.