Забранет влез во САД за осомничените за нападот врз „Шарли ебдо“

Двајцата браќа, кои според француските власти се главни осомничени за нападот на сатиричниот неделник „Шарли ебдо“ во кој се убиени 12 лица, се наоѓаат на американската листа на лица кои имаат забрана за патување во САД, изјави висок претставник на американската администрација за борба против тероризмот, пренесе МИА.

Американските власти не откриваат повеќе информации што евентуално ги поседуваат за Шариф Куачи (32) и неговиот брат Саид (34), вклучително и дали се бореле на Блискиот Исток, на страната на екстремистичките групи.

Според очевидци напаѓачите изјавиле дека се припадници на Ал Каеда во Јемен.

Не е невообичаено познати екстремисти да бидат на листа на лица кои имаат забрана за летање во САД, особено поради тоа што Шариф Куачи минал 18 месеци во затвор поради регрутирање екстремисти за борба против САД во Ирак.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.