Забранета емисијата на Миленко Неделковски, „Вистината за Макпетрол”

Во текот на вчерашниот ден, Миленко Неделковски, на својата фан страна на социјалната мрежа Фејсбук, објави пост, со видео од нова емисија во склоп на своето шоу, насловена како Вистината за Макпетрол, Оилко и Андреја Јосифовски. Сепак премиерата на оваа емисија не беше емитувана на телевизија.

По ова се поставува прашањето: Дали поради некоја причина на некого не му одговарало оваа емисија да биде емитувана пред македонската јавност?

Утрово, Неделковски преку својата фан страна, повторно се обрати кон своите фанови со информација дека во текот на ноќта се случил обид видеото да биде отстрането, со цел спречување на негово ширење и прегледување на YouTube. Тој во својот нов пост напиша:

milenko-emisija-post

Бидејки во последните 12 саати имаше десетици обиди да биде симната емисијата од мојот Јутјуб канал, бидејки имаше обиди за бришење и уништување на материјалот, соопштувам дека на крајот НЕ УСПЕАЈА.

За сите илјадници луѓе што не ме оставија да спијам синојка и да бидам раат утрово, ова е инфото.

Еве ја целата емисија:


Фамата околу Макпетрол не стивнува

Преземањето на најголемата компанија за нафта во Македонија, Макпетрол, од страна на Балкан Петролеум Холдинг Лимитед, за кое што инвеститорите се во исчекување на одговор од Комисијата за Хартии од Вредност за издавањето на дозволата, во последниве денови е сè поактуелна тема, која најмногу ги интересира акционерите и вработените во оваа компанија.

Откако беше јавно објавена намерата на Балкан Петролеум Холдинг Лимитед да ја преземе компанијата, македонската јавност е преплавена со безброј информации и напади упатени кон Балкан Петролеум Холдинг Лимитед, со седиште во Лондон, со обвинувања дека истата е оф-шор компанија, со бизнисмени кои биле поврзани со сомнителни зделки и слично.

Дополнително, во текот на минатата недела се појавија и нови информации кои го поврзуваат првиот човек на Макпетрол со компанијата Petroimpex (Overseas) Limited, која според добиени информации била формирана пред повеќе од 20 години во период кога Кипар сè уште била оф-шор дестинација, со бизнис партнерот, Милан Сотивовски, кои делеле по 25% учество заедно со Макпетрол со 50% учество, нешто за кое според информациите акционерите воопшто не биле запознаети.

Оваа компанија била затворена во 2013, три години откако во Кипар се носи нов закон и правила дека земјата повеќе не претставува оф-шор дестинација и е во рамките на ЕУ.