Забрани за камиони на Буково, Ѓавато, Стража, Пресека и Маврово-Дебар

Врнежите од снег предизвикаа проблеми во одвивањето на сообраќајот поради што од попладнево се воведени забрани за камиони на планинските премини Буково, Ѓавато и Стража и на патните правци Маврово-Дебар и Кичево – Охрид преку Пресека.

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози.

Група од околу 60 возачи на шлепери се заглавени осум часа на граничниот терминал Ѓуешево на македонско-бугарската граница. Како што изјавуваат превозниците, терминалот не е исчистен од снежните врнежи и најверојатно ќе останат заглавени до рано наутро бидејќи се најавуваат нови снежни врнежи. Апелираат надлежните служби да се вклучат во решавање на проблемот бидејќи, како што посочуваат, се ограничени со работни часови коишто можат да ги поминат возејќи. Возилата кои минуваат на терминалот од Македонија кон Бугарија се движат непречено.