Забрчанец не им дозволил на фоторепортери да ги сликаат лидерите

Дел од фоторепортерите кои присуствуваат на лидерската средба што се одржува во Клуб на пратеници, во знак на протест ги оставија своите фотоапарати на земја откако Марјан Забрчанец, посебен советник за односи со јавност во Кабинетот на премиерот, не им дозволил да сликаат како лидерите влегуваат на лидерската средба.

Роберт Аатанасовски вели дека откако памети, секогаш го фотографирале истото што сакале и сега, но Забрчанец не дозволил, а кога тие се побуниле тој им одговорил „Единаесет години ве газеа, ќутевте, а сега ли најдовте да зборите“.

Фото: Роберт Атанасовски

Посебниот советник за односи со јавност на премиерот Заев, демантира дека се случило такво нешто:

Не е точно, на сите претставници на медиумите им е овозможен пристап и за фотографирање и снимање, сала за работа и сите неопходни услови. Повеќе од 20 сниматели и фотографи се внатре и непречено работат.
На самиот влез, безбедносните служби проценија дека просторот кон влезот треба да се ослободи, но двајца фотографии одбија да се упатат во зградата каде што се сите останати претставници на медиумите. Реагираа бурно со напад дека “сме се изживувале”, на што јас одговорив дека станува збор за безбедносна проценка, а не за нечиј личен став и дека ние не се изжувуваме со новинарите како што тоа се случуваше во изминатите 11 години, одговори на прозивките Забрчанец.